Јувентус ја освои титулата во Серија А, па очигледно дека играчите се опуштија. Најтрофејниот италијански клуб загуби синоќа на гостувањето кај Калјари (2;0), што навистина е големо изненадување ако се знае дека овој ривал повеќе од 10 години не се радувал на победа против најтрофејниот клуб во Италија.
Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, очигледно не е многу разочаран од поразот против Калјари, па дури индиректно како да најави дека Јувентус и во последното коло може да се очекува да загуби. Гигантот во Торино ќе игра дерби-дуел против Рома, а Сари изјави дека можно е Јувентус да игра со младинскиот тим.
„Проблемот е во тоа што ние сме единствен клуб во Европа што мора да играме пет меча само за 12 дена. Ќе видиме како ќе се чувствуваат играчите и дали ќе мора за викенд-мечот да ги активираме фудбалерите од У23 тимот. Тоа е единствен начин за да успееме да ја задржиме свежината кај фудбалерите од првиот тим“, вели Сари, кој реално како да се предава предвреме против Римската волчица.
За Јувентус нема речиси никакво значење дуелот против Рома, но затоа италијанскиот првак на 7 август треба да игра против Олимпик Лион во реванш-мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Олимпик Лион. Французите имаат предност од 1:0 по првиот меч одигран во Лион.
„Кога се работи за мотивацијата и одличноста на играчите, дуелот против Калјари беше сосема поинаков од сите останати сезонава. Нашите додавања беа прецизни, но проблем беше брзината со која се движеше топката. Кога топката оди бавно, тогаш нема проблем за противникот. Деветмина играчи кои ги имаме не ги повикавме за мечот со Калјари. Не сме во сјајна ситуација пред мечот со Лион, ќе видиме како ќе се рехабилитираме“, додаде Сари.