Дека во Челзи тренерите не се прашуваат многу за тоа кој играч треба да биде доведен, се потврди уште еднаш. Стратегот на лондончани, Маурицио Сари, откри дека воопшто не знаел за трансферот на Кристијан Пулишиќ на „Стемфорд бриџ“. Челзи даде 64 милиони евра за играчот на Борусија Дортмунд. Крилниот напаѓач ќе остане кај „милионерите“ до крајот на сезоната, а потоа ќе се пресели во Лондон.
„Ништо не знаев за трансферот на Пулишиќ. Првпат вчера слушнав. Во клубот пред еден месец ме прашаа што мислам за тој играч, а јас само дадов позитивна оценка. Вчера разбрав дека трансферот е реализиран. Не знам ништо околу трансферот, едноставно, јас не се прашувам за тоа кој играч треба да биде доведен“, по малку зачудено заклучи италијанскиот стратег на клупата на Челзи.
Со потрошени 64 милиони евра, Пулишиќ стана еден од најскапите играчи кои ќе дојдат на „Стемфорд бриџ“.