Со непристојно скандирање, но и со многу јасна порака навивачите на Челзи покажаа што мислат за начинот на игра и за тактиката на Маурицио Сари, кој е под баражен притисок по лошите резултати на клубот.
Дебаклот од 0-6 против Манчестер сити и вчерашната елиминација од Манчестер јунајтед во ФА купот со пораз од 0-2 го доведоа Сари пред отказ.
Симпатизерите на Челзи си го кажаа своето, сега на ред е сопственикот на клубот Роман Абрамович.
https://twitter.com/ITZDANNNO/status/1097601989867909120