Бодо брка бодови за да го фати возот што води кон хет-трик

2703 ХЈК – Оулу (Финска, 16 часот)

Хелсинки е апсолутен рекордер во Финска со 31 титула и ниту еден друг клуб нема двоцифрен број на шампионски круни.

И сега популарниот ХЈК е кандидат за пехарот во финското првенство и со меч повеќе има 26 бода, како и лидерот Купс.

Оулу никогаш не бил првак, а добро го почна тековното првенство и со 15 бода е на четвртото место на табелата.

Лани за првпат го победија Хелсинки во седмиот меѓусебен меч, а тоа го сторија на домашен терен во јули кога славеа со 2:1.

Сега ХЈК е фаворит и типуваме дека ќе победи со најмалку два гола во мрежата на гостите.

Предлог тип: 1&T1 2+ (1.49)

 

2705 СЈК – Интер Турку (Финска, 16 часот)

Сеинајоки, или популарно СЈК скромно го почна првенството и со 10 бода по 10 кола е во долниот дел на табелата.

Кај првакот од 2015 година слабо функционира офанзивата со само 8 постигнати гола, што е трет најнеефикасен напад засега во финското првенство.

Интер сосема спротивно постигнува доста голови, има точно 18 со што е најефикасната екипа по 10 кола.

И тимот од Турку само еднаш бил првак на Финска, како и СЈК, а двете екипи имаат интересни меѓусебни дуели и често знаат да одиграат ефикасно.

Предлог тип: 3+ (2.05)

 

2501 Сарпсборг – Штромгодсет (Норвешка, 16 часот)

Пред нешто повеќе од 8 месеци Штромгодсет го декласираше тимот на Сарпсборг со 5:0, а гостите имаат и подобар биланс во меѓусебните дуели во последно време.

Штромгодсет е и во подобра форма од ривалот, со 7 меча без пораз, шест од нив во норвешкото првенство и еден во националниот куп.

Сарпсборг има четири бода помалку, но според коефициентите е фаворит против Штромгодсет.

Квалитетот на двете екипи е тука некаде, а формата е многу подобра кај Штромгодсет и ова е шанса да се бара изненадување, комбинирано со гол во двете мрежи.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.80)

 

1614 Кристијансунд – Бодо Глимт (Норвешка, 18 часот)

Бодо две години по ред е првак на Норвашка, но сега лошо го почна првенството и иако е рано, а се одиграа само 10 кола тешко ќедојде до хет-трик.

Главната причина е што продадоа доста играчи од шампионската генерација, кои беа столбови на тимот и тоа се одрази, па веќе заостануваат за 11 бода зад лидерот Лилестром.

Бодо е дури на осмото место, но има меч помалку од конкурентите, па денеска мора да го победи фенерџијата Кристијансунд за да фати приклучок.

Домаќините одиграа само 7 натпревари и имаат една победа и шест порази, заковани на дното на табелата и имата доста послаб тим од актуелниот шампион.

Предлог тип: 2 (1.73) Супер тип на Sport Life

 

1279 Слиго Роверс – Фин Харпс (Р. Ирска, 20.45 часот)

Слиго Роверс се надева на настап во еврокуповите и ако го победи скромниот тим на Фин Харпс ќе ја намали разликата на шест бода во однос на третопласираниот Дери сити.

Фин Харпс има поинакви планови и сака да го избегне последното место што води директно во понизок ранг.

Ситуацијата не им е розова, бидејќи имаат пет меча по ред без победа и само два бода повеќе од фенерџијата УЦ Даблин.

Дрогеда која е пред нив им бега 10 бода, па Фин Харпс во најдобар случај би играл бараж за опстанок.

Гостите се во многу лоша форма и Слиго ќе ја искористи ситуацијата и ќе победи.

Предлог тип: 1 (1.87)

 

- Оглас -

Најнови вести