Саша Ќириќ за „Билд“: Адеми е лидер на македонскиот тим, и наследник на Пандев

Македонската фудбалска легенда, Саша Ќириќ, кој најдобрите моменти во интернационалната кариера ги имаше во Бундеслигата, особено во Нирнберг го обожуваа, добро е познат во фудбалските кругови во Германија, се сеќаваат на него, и за весникот „Билд“ направи мини-анализа на некои од македонските фудбалери.

„Димитриевски е нашиот неприкосновен број 1. Силен на гол-линијата и добар еден на еден. Велковски е глава на одбраната, има добра техника и опасен е кога оди напред. Адеми е легитимен наследник на Пандев и лидер на тимот. Елмас не за џабе игра за Наполи, тој е крал на дриблингот и публиката го обожува. Чурлинов е мојот омилен играч, има огромен потенцијал, но треба да игра во континуитет, мислам дека преминот во Шалке е добар потег за него“ – анализира Ќириќ.

„Поразот во март беше силен удар врз Германија. Сега сигурно ќе бидете мотивирани да победите и да се реванширате. Но, ние сме убедени дека кога можевме да ве изненадиме еднаш, истото можеме да го направиме и по втор пат. Целта е да бидеме втори во групата“ – вели
Ќириќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести