Сасуоло приреди голема сензација во Италија и го победи шампионот Интер на „Џузепе Меаца„ со головите на Распадори и на Скамака.
Интер се спаси и од 0:3 во финишот на првото полувреме, откако третиот репрезентативец на Аѕурите од редовите на Сасуоло, Доменико Бердарди ја погоди пречката.
Во второто полувреме домаќините напаѓаа, имаа инцијатива, но не го избегнаа поразот, на кој најмногу му се радува Милан, секако покрај Сасуоло.
Де Фрај постигна гол за домаќините во последните моменти од мечот, но беше поништен поради игра со рака на Димарко.
Интер со победа имаше шанса да се врати на врвот на табелата, но остана на второто место, сега со 54 бода, два помалку од Милан, кој е лидер во Серија А, по 26 кола.