Сасуоло е хит во Италија, слаломот при вториот гол против Наполи е за паметење (Видео)

Сасуоло славеше на гостувањето кај Наполи со 2-0, и сега екипата со зелено-црни дресови се наоѓа на второто место на табелата со два бода помалку од лидерот Милан. Сасуоло нема пораз во шесте кола, и ова им е најуспешна прволигашка сезона во клупската историја.

Првиот гол го даде Мануел Локатели, кој стана најмлад реализатор на пенал сезонава во Серија А, додека вториот гол падна во 95-та минута, реализатор беше Максим Лопес. Тој постигна велемајсторски гол, понижувајќи ја одбраната на наполитанците. Елиф Елмас влезе во игра за Наполи во 70-та минута при негатива на неговиот тим од 0-1.

Погледнете го вториот гол на Сасуоло:

https://twitter.com/i/status/1322976601009696770

- Оглас -

Најнови вести