Сасуоло и Лас Палмас се сигуриците за викендов според играчите на Спортската прогноза

Остануваат уште 48 часа до почетокот на новото коло од бесплатната игра на Sport Life, Спортската прогноза. Најголемо внимание во новото коло привлекува финалето на англискиот Лига куп помеѓу Челзи и Ливерпул, но играчите на Спортската прогноза одлучија дека други два натпревари се најголеми сигурици за викендов.

Можеби неатрактивни, но натпреварите на кои Сасуоло и Лас Палас се домаќини имаат најголем процент за победа на домашните екипи.

Во Серија А, Сасуоло е домаќин на Емполи, а дури 83,01% од типувачите предност ѝ даваат на домашната екипа. Нешто помал е процентот за победа на Лас Палмас над Осасуна, 66,38%.

Убедливо најголем процент да нема победник на дуелот од француското првенство е помеѓу Ле Авр и Ремс. Дури 55,26% од типувачите веруваат дека овој натпревар ќе заврши нерешено.

За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување примамливи подароци!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести