Саудијците го обожуваат: Стадионот во Џеда се тресеше кога Алиоски влезе во игра (Видео)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски за првпат по една и пол година (немаше играно од 29 август 2023) заигра официјален меч за неговиот клуб Ал-Ахли.

Фановите на клубот од Џеда не само што не го заборавиле популарниот Џани, туку покажаа дека го обожуваат. Кога Алиоски се подготвуваше да влезе во игра и истрча на терен во 74-тата минута на мечот со Ал-Гарафа од Катар во азиската ЛШ, стадионот се тресеше од гласното скандирање на навивачите во чест на македонскиот лев бек.

- Оглас -

Најнови вести