Саудијците ја цензурираа сопругата на Александар Митровиќ (Фото)

Сопругата на српскиот репрезентативец Александар Митровиќ, Кристина, со фотографија на социјалните мрежи предизвика бурни реакции во Саудиска Арабија.

Убавата Србинка објави фотографија на која таа е со нејзиниот сопруга, а облечена е во фустан чие деколте е премногу провокативно за правилата во Саудиска Арабија, каде што игра популарниот Митро.

Митровиќ е прв стрелец на шампионот Ал-Хилал, па има и негови фан-страници на социјалните мрежи и будно се следи секој чекор на фудбалерот и неговото семејство.

Еден од профилите посветени на Митровиќ ја објави фотографијата на Александар и Кристина, но нејзините гради ги покри со огромен емотикон за да биде согласно со правилата во Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести