Саудијците му нудат брдо пари на Модриќ и можност повторно да игра заедно со Рамос

По симболите на трофејната ера на Реал Мадрид во 21-от век, Кристијано Роналдо и Карим Бензема, кои веќе се преселија во Саудиска Арабија, нивниот пример би можел да го следи и Лука Модриќ.

Новинарот на „Марка“, Рамос Алварес де Мон, тврди дека Модриќ добил понуда неименуван клуб од Саудиска Арабија, од која боли глава за играч на 37 години, договор на две години кој ќе му носи помеѓу 100 и 150 милиони евра по сезона.

https://twitter.com/Ramon_AlvarezMM/status/1667517105917370373?s=20

Наводно, оваа понуда го натерала Модриќ сериозно да ја разгледа и многу веројатно е дека ќе ја прифати. Дополнителен мотив за Модриќ да тргне по стапките на Бензема и Реал, е и можноста повторно да заигра со големиот пријател Серхио Рамос, кој исто така добил примамлива понуда.

- Оглас -

Најнови вести