Саудијците му нудат селекторско место на Дешан

Претставници на Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија контактирале со агентите на селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешан, во врска со евентуалната преселба на стручњакот во нивната земја по Светското првенство во 2026 година.

Дешан е селектор на Франција уште од 2012 година, освои титула во 2018 година и стигна до финалето во 2022 година. Неговиот договор со Француската фудбалска федерација е до крајот на Светското првенство во 2026 година, а во февруари Дешан објави дека нема да го обнови договорот и дека ќе ја напушти репрезентацијата по 14 години на нејзино чело.

Се зборува дека нов француски селектор ќе биде Зинедин Зидан, а се чини дека Дешан лесно ќе си најде нова работа за која ќе биде богато платен. Извори блиски до тренерот откриле дека тој е поласкан од интересот од Саудиска Арабија, иако било прерано уште сега да се започнат некакви сериозни разговори.

- Оглас -

Најнови вести