Саудиските екипи кои се под капата на саудискиот државен ивестициски фонд ПИФ, се подготвуваат да направат бут на трансфер пазарот и налето, откако минатото лето потрошија повеќе од милијарда евра за купување на фудбалски ѕвезди.
Овој пат, главна мета на саудиските екипи ќе биде Мохамед Салах за чиј трансфер се подготвени рекордни 200 милиони фунти кои треба Ливерпул да ги добие како отштета, но од Премиер лигата има уште две мети.
https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1761075433540346171?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1761075433540346171%7Ctwgr%5E3253eff01737f78cec9f7f089c7f86a4cac767cf%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2F24sedam.rs%2Fsport%2Ffudbal%2F283417%2Fkevin-de-brujne-saudijska-arabija-mancester-siti%2Fvest
Едната е Каземиро од Манчестер јунајтед, а втората е еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кевин де Бројне од Манчестер сити.
Засега не е познато кој клуб е заинтересиран за него, но медиумите пишуваат дека Саудијците нема да жалат пари и трансферот на Белгиецот би требало да биде еден од најголемите во историјата на фудбалот.