Саудијците не знаат за доста, му нудат милиони и на Буфон

Екипите од Саудиска Арабија се цврсто решени да направат фудбалска револуција и за таа цел не штедат пари, а последна мета им е еден од најдобрите голмани на сите времиња, Џанлуиџи Буфон.

Понудата за Буфон е неверојатна за играч кој има 45 години, 60 милиони евра за две сезони.

Но, Италијанецот се уште не одлучил кој ќе му биде следниот чекор. Тој има уште една година од договорот со Парма, а италијанските медиуми пред неколку дена објавија дека голманот размислува летово да замине во пензија, а сега се појави и веста за понудата од Саудиска Арабија.

Засега не е познато името на клубот кој му нуди 30 милиони евра по сезона за Буфон, но тоа не би требало да игра голема улога бидејќи државата ги презеде најголемите клубови и веќе донесе фудбалери како Карим Бензема, Нголо Канте, Рубен Невеш, Калиду Кулибали, Едуар Менди…

- Оглас -

Најнови вести