Саудијците немаат намера да запрат, сега го меркаат и Алегри

Актуелниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри, до крајот на викендот и официјално ќе добие понуда да се пресели во Саудиска Арабија, пишува „Газета дело спорт“.

Според весникот, средбата меѓу Алегри и претставници на Ал-Хилал треба да се одржи во Монте Карло, а доколку ја прифати понудата, Италијанецот во Саудиска Арабија ќе заработува трипати повеќе отколку во Јувентус.

Доколку остане без Алегри, Јувентус ќе избира меѓу Игор Тудор и Антонио Конте, кои моментно се без ангажман.

Конте пред неколку месеци доби отказ во Тотенхем, додека Тудор по завршување на сезоната, го напушти Олимпик Марсеј откако успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Годинава Саудијците тргнаа во фудбалска офанзива, Кристијано Роналдо во јануари потпиша за Ал-Наср, а минатата недела Карим Бензема го потпиша најголемиот договор во историјата на фудбалот.

Бензема од Ал-Итихад во следните три години ќе инкасира 600 милиони евра. Последно големо фудбалско име кое ја прифати понудата на богатите Саудијци е Нголо Канте кој ќе игра заедно со Бензема.

- Оглас -

Најнови вести