Саудискиот тим Ал-Итихад е подготвен да го собори светскиот рекорд и за најдобриот играч на Ливерпул, Мохамед Салах, испрати понуда вредна неверојатни 200 милиони фунти (234,2 милиони евра), објави реномираниот „Атлетик“.
Доколку се согласи да се пресели во Саудиска Арабија, Салах го очекува плата од 100 милиони евра по сезона.
Договорот на Салах истекува во 2025 година и „Атлетик“ пишува дека Ливерпул најверојатно налето ќе ја прифати понудата на Ал-Итихад и со парите ќе обезбеди неколку квалитетни засилувања по барање на новиот тренер, кој ќе пристигне на местото на Јирген Клоп откако Германецот јавно објави дека си заминува на крајот од сезоната.