Саудијците упорни да го ангажираат Стивен Џерард како тренер на Дарко Велковски

Саудискиот прволигаш Ал Итифак, чиј член е македонскиот репрезентативен дефанзивец Дарко Велковски, е решен да го донесе Стивен Џерард како тренер.

Интересот за Џерард е од поодамна, се спомнуваше дека клубот ќе се обиде да му ги исполни желбите и во Ал Итифак да ги донесат Кутињо и Садио Мане, а преговорите кои беа закочени, продолжиле деновиве, и се шпекулира дека можно е наскоро да падне договор.

Претставници на клубот кој беше седми во минатата сезона, заминале во Англија за да ги забрзаат преговорите, и да го убедат Џерард да седне на нивната клупа. Џерард е без работа откако во октомври минатата година беше отпуштен од Астон Вила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести