Двајцата најдобри тенисери на денешницата, Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас, ќе водат голема битка за тоа кој од нiв двајца ќе заврши на првото место на АТП-листата на крајот од годината. Србинот Ѓоковиќ е во пол-позиција и моменалтно е лидер на светската листа, но резултатите од Мастерсот во Париз и завршниот Мастерс во Торино ќе решат кој ќе биде на тронот на крајот од 2023 година.
Без разлика што ќе се случува во Мастерсите во Париз и Торино, веќе станува јасно дека годината ќе заврши со скептакуларен дуел меѓу двајцата најдобри. Според информациите, договорен е двобој меѓу Ѓоковиќ и Алкарас, и тоа на 27 декември во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија.
Тој би бил спектакуларен меч кој ќе се игра на стадионот „Кингдом aрена“ со капацитет од 40.000 гледачи. Саудиска Арабија е земја која во последно време многу инвестира во спортот. Во последните неколку месеци во оваа земја дојдоа да играат врвни фдубалери, како Кристијано Роналдо, Нејмар, Карим Бензема, а сега очигледно дека го сакаат и најдоброто од тенисот, а тоа секако се Ѓоковиќ и Алкарас.