Саудиска Арабија направи бум во фудбалот, сега сака да го „купи“ и тенисот

Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија кој направи бум во фудбалот и во летниот преоден рок потроши повеќе од милијарда долари за носење на ѕвезди, започна преговори за купување на лиценца за организација на тениски турнир од серијата мастерс 1000.

Првичната идеја беше да се откупи мастерсот во Шангај, но сега се појавија нови можности.

Претставници на саудискиот фонд веќе одржале неколку разговори со луѓето од компанијата ИМГ која ги поседува лиценците за мастерсите во Мадрид и во Мајами.
Медиумите пишуваат дека ИМГ за добра сума е подготвен да ја продаде на Саудијците лиценцата за мастерсот во Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести