Саудиска Арабија не е Катар, точење пиво ќе биде забрането и во фан-зоните на СП 2034!

Светското првенство во фудбал во 2034 година ќе се одржи во Саудиска Арабија, а на десет години пред Мундијалот, донесена е одлука за забрана за точење алкохол, во прв ред пиво во фан-зоните.

И претходното СП се одржа во арапска, муслиманска земја, Катар, но Катарците дозволија продажба и точење пиво во фан-зоните, не и на стадион, иако до последен момент размислуваа и за таа опција која ќе ги израдуваше странските навивачи.

Саудијците се поригорозни и поконзервативни од Катарците, таму алкохолот е забранет и нема да има никакви исклучоци, дури ни кога се работи за таков голем спортски настан кој ќе привлече многу странци.

do_widget id=custom_html-5]

- Оглас -

Најнови вести