Саудиска Арабија планира да направи стадион на врвот на карпа висока 200 метрa (Видео)

Саудиска Арабија во последните година дена прави фудбалски бум. Во оваа земја веќе дојдоа да играат голем број светски ѕвезди, а неодамна Саудиска Арабија ја доби и организацијата на Светското првенство кое ќе биде во 2034 година.

Уште цели 10 години има до Мундијалот во оваа земја, но домаќините не седат со скрстени раце. Тие планираат да бидат домаќини на најдобриот планетарен собир во историјата.

Една од идеите кои треба да ги реализираат во следните неколку години е да изградат стадион кој ќе има 45.000 седишта, а би бил на врвот на карпа која е висока 200 метрa. Оваа карпа се наоѓа во близина на главниот град Ријад, а би го носел името на принцот Мохамед бин Салман.

Проектот кој денеска е претставен делува неверојатно, па сега останува организаторот да го реализира.

- Оглас -

Најнови вести