Саудиска Арабија направи „бум“ во светскиот фудбал со ангажманот на голем број на фудбалски ѕвезди, кои сега играат во првенството на оваа земја. Се започна со Кристијано Роналдо, но дури и на Блискиот Исток постојат ограничувања.
Во моментов екипите може да имаат по максимум осум странски фудбалери, додека останатите мора да бидат со државјанство на Саудиска Арабија. Сепак, и ова правило ќе се менува. Челниците на Фудбалскиот сојуз на земјата размислува да ја зголеми квотата на 10 странци, со што ќе им овозможи на клубовите да донесат уште повеќе фудбалски ѕвезди од Европа.
На почетокот само осум од тие 10 фудбалери ќе може да бидат во стартната постава, додека двајца на клупа, но во иднина се очекува и ова ограничување да биде променето, па дури и бројот на странци дополнително да се зголеми.
Сето ова внесува дополнителна доза на загриженост кај европските клубови, кои се потешко успеваат да ги задржат своите фудбалери, кои ги прифаќаат богатите понуди на екипите од Саудиска Арабија.