Откако стана познато дека Светското првенство во 2030 година ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Мароко, а првите три натпревари ќе се одржат во Аргентина, Парагвај и Уругвај, ФИФА го отвори аплицирањето за домаќин на светскиот собир во 2034 година.
Од Светската куќа на фудбалот најавија дека тоа првенство ќе биде организирано од земја или земји кои припаѓаат на Азија и Океанија, а Саудиска Арабија не чекаше ниту момент и веднаш испрати кандидатура за домаќинство.
Нивната кандидатура е самостојна и сами сакаат да го организираат првенството, а за 11 години имаат и доволно време да ги исполнат сите услови и да изградат нови стадиони, со оглед на големите вложувања во фудбалот во последниот период.
Наредното Светското првенство, во 2026 година, ќе се оджи во Северна Америка, а ќе го организираат САД, Канада и Мексико и ќе биде првото на кое ќе учествуваат 48 репрезентации.