-0.2 C
Skopje
понеделник, 15 декември 2025

Саудискиот принц сака да ја купи Барселона, нуди огромна сума пари

Престолонаследникот на Саудиска Арабија, принцот Мохамед бин Салман, планира да понуди 10 милијарди евра за шпанскиот фудбалски клуб Барселона, објави новинарот на „Ел Чирингито“, Франсоа Гаљардо, на социјалните мрежи.

Сепак, членовите на клубот кои планираат да се кандидираат на претседателските избори (Актуелниот претседател Жоан Лапорта претходно објави дека нема да се кандидира за нов мандат како претседател на Барселона по 2027 година) би можеле да ја блокираат продажбата бидејќи евентуалната продажба не би била легална. 

Каталонскиот гигант подолго време се мачи со финансиски проблеми, има долгови од 2,5 милијарди евра, па наводно Саудијците се понудиле да помогнат со тоа што Барса би станала нивна. Така Барса би ги решила финансиските проблеми, но би ги загубила идентитетот и традицијата, кои ѝ се премногу важни.

Според статутот на клубот кој е важечки во моментов, Барселона не може да биде откупена бидејќи таму се применува моделот на сопственост од страна на членовите и навивачите на клубот кои плаќаат годишна членарина.

- Оглас -

Најнови вести