1.8 C
Skopje
петок, 23 јануари 2026

Саудиските клубови подготвуваат невозможна мисија – да доведат четири докажани ѕвезди

Саудискиот фудбал се подготовува повторно да ја „здрма“ светската сцена и да го направи тоа што многумина го сметаат за невозможно. Според најавите, клубовите од Саудиска Арабија се подготвуваат во летниот преоден рок да доведат четири екстра фудбалери.

Главни на листата на желби се симболот на Ливерпул, Мохамед Салах, капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор, и докажаниот голгетер Роберт Левандовски.

Винисиус засега не сака да го продолжи договорот со Реал Мадрид, а на Левандовски му истекува соработката со Барселона.

- Оглас -

Најнови вести