Саул Њигес по 17 години си замина од Атлетико Мадрид како вистинска легенда. Се очекуваше да потпише за турскиот Трабзонспор, сè беше договорено, но авионот со фудбалерот не полета, а трансферот пропадна во последен момент без објаснување.
„Не се случи потпис поради некои семејни причини. Се надевам дека еден ден нашите патишта повторно ќе се спојат“, напиша Саул на социјалните мрежи, а медиумите веднаш започнаа да шпекулираат дека фудбалерот добил подобра понуда од некоја друга екипа.
И како гром од ведро небо дојде информацијата дека Шпанецот потпишал договор на три и пол години со бразилски Фламенго, од каде што се пофалија на социјалните мрежи со пораката „подобар повик“.
Welcome to Flamengo, Saúl Ñíguez ❤️🖤🇪🇸 pic.twitter.com/7eao5uotwI
— Flamengo (@Flamengo_en) July 23, 2025