Репрезентативецот на Шпанија, Саул Нигез му донесе победа на Атлетико Мадрид против Леганес, а лесно можеше да биде трагичар на мечот.
Во 50. минута промаши пенал, но потоа одбиената топка од голманот Лунин ја смести во мрежата. Атлетико Мадрид остана во трка за титулата со Барселона и на 11 кола до крајот на Ла Лига има четири бода помалку од лидерот, но Каталонците имаат и меч за одигрување против Рајо Валјекано.
Леганес е на 13. место со 33 бодови.