15.8 C
Skopje
петок, 1 август 2025

Саул за поранешниот соиграч: „Бадијала талентот …“

Жоао Феликс своевремено важеше за голема надеж на европскиот фудбал. Кога имаше само 19 години, Атлетико Мадрид го купи од Бенфика за фантастични 127,2 милиони евра, а сега само на 25-годишна возраст одлучи да потпише за Ал-Наср од Саудиска Арабија.

Неговиот поранешен соиграч, легендата на Јорганџиите, Саул Њигес, се обиде да обасни што се случи со кариерата на Португалецот.

„Фудбалот е екипен спорт. Тој ги имаше сите потребни квалитети да стане фантастичен фудбалер, но не е важно колку си добар и талентиран ако не работиш јако и не даваш 100% од себе. Многумина од нас се обидоа да му помогнат и да му објаснат некои работи, но ако тој не сака – тогаш тоа е крај на приказната“, вели Саул.

Атлетико Мадрид го испраќаше на позајмици во Челзи и Барселона, пред да им го продаде на Сините од Лондон за 52 милиони евра. Следуваше позајмица од Челзи во Милан и на крајот продажба во Ал-Наср за 30 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести