Саутемптон ќе урне клупски рекорд за 19-годишно момче што ретко добива шанса кај шампионот

Раководството на Саутемптон понуди 27 милиони евра за 19-годишниот Лијам Делап од редовите на англискиот првак Манчестер сити.

Лијам е напаѓач и досега има смо два настапи за Граѓаните и ако потпише за Саутемптон ќе го урне клупскиот рекорд на популарните Светци.

Рекорд на премиерлигашот се платени 25 милиони евра за Дени Ингс на сметката на Ливерпул пред 3 години.

Делап е најавен како голем талент, но тешко добива шанса кај актуелниот првак, па се очекува да ја прифати понудата што за него стаса од Саутемптон на адреса на Манчестер сити.

 

- Оглас -

Најнови вести