Саутемптон му се извини на Кардиф за морбидните провокации од навивачите (Видео)

На само два дена откако беше потврдена смртта на фудбалерот на Кардиф сити, Емилијано Сала, кој загина во авионска несреќа, навивачи на Саутемптон на невкусен и морбиден начин ги провоцираа противничките навивачи, со симулирање на летање со авион. Целиот фудбалски свет жалеше за Сала, а трагедијата некому му е само начин да ги провоцира и да им посака смрт на противничките навивачи.

За Кардиф кој славеше со 2:1 со гол во самиот финиш од мечот, ова беше прв натпревар откако беше пронајдено телото на Сала, а обезбедувањето на стадионот ги смири овие двајца провокатори кои брзо завршија во полициска станица, каде мораа да ја објаснат својата постапка.

Раководството на Саутемптон испрати официјално извинување за постапката на неговите навивачи.

„Ние како клуб, секогаш ќе соработуваме со полицијата при вакви случаи. Ова однесување е непримерно и нема да се толерира на нашиот стадион. На двајцата навивачи ќе им забраниме влез на стадионот“ – соопштија од Саутемптон.

- Оглас -

Најнови вести