Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт, е убеден дека ќе остане на функцијата и по Мундијалот во Катар, како и дека ќе го води „Гордиот Албион“ во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година.
Англија се наоѓа Ц заедно со Италија, Македонија, Украина и Малта.
Саутгејт се наоѓа на удар на англиската јавност и на навивачите поради слабите резултати во Лигата на нации каде „Гордиот Албион“ испадна од елитната А дивизија.
– Јас сум под договор со англиската федерација со 2024 година и свесен сум дека мојата работа зависи од резултатите. Планирам да останам до крајот на договорот, а тоа значи дека ќе ја водам репрезентацијата во квалификациите за ЕП 2024 година – изјави Саутгејт.