Англија уште еднаш се провлече на ЕП. Откако со гол во 90+5 минута се спаси од пораз од Словачка, а потоа и победи, Гордиот Албион сега среќно ја помина и Швајцарија.
Швајцарците водеа со 1:0, но Англија израмни на 1:1, а потоа победникот требаше да се решава на пенали. Во пенал рулетот Англија беше подобра и победи, а селекторот Герет Саутгејт е презадоволен.
„Мислам дека одигравме многу добар меч. Во турнирски дел од натпреварувањето мора да покажете разни квалитети, а ние токму тоа го правиме. Имаме неверојатен карактер и пронаоѓаме решение за секоја ситуација. многу сум среќен. Посебно морам да ја пофалам концентрацијата што ја имаме во одбраната“, вели Саутгејт.
Хари Кејн кој треба да е лидер во нападот на Англија беше пресреќен.
„Ова беше уште еден тежок меч, но добро затоа што ние повторно излеговме како победници. Момците играа многу храбро. Пеналите секогаш ги кинат нервите, но добро е затоа што успеавме“, вели Кејн.