Саутгејт ја расчисти единствената дилема: Трипие повторно ќе биде лев бек, а Лук Шо ќе остане на клупата

Киран Трипие ќе биде во стартниот тим на Англија и во вечерашното финале на Европското првенство против Шпанија. Ова е одлуката што ја донел селекторот Герет Саутгејт во пресрет на мечот за трофејот, информираат медиумите на Островот.

Саутгејт беше во дилема дали да започне со Лук Шо на левата страна во одбраната, кој во последните натпревари влегуваше од клупата за резерви.

На крајот, Саутгејт одлучил да не менува ништо од досегашната пракса, Трипие ќе игра како лев бек, иако подобро се служи со десната нога. Веројатно е дека Лук Шо ќе се појави на теренот во некој момент од финалето.

Ова е очекуваниот стартен состав на Англија: Пикфорд, Вокер, Стоунс, Гуехи, Трипие, Рајс, Мејну, Белингам, Сака, Фоден, Кејн.

 

- Оглас -

Најнови вести