Селекторот на англиската фудбалска репрезезнтација, Герет Саутгејт, во следниот период ќе ја продолжи соработката со националниот состав. Според информациите, Саутгејт ќе потпише договор на четири години, според кој ќе заработува три милиони фунти годишно, или вкупно 12 милиони фунти за четири години.
Тоа значи дека Саутгејт ќе го води „Гордиот Албион“ и на следното Светско првенство, во 2022 година. Ова е награда за селекторот кој по 28 години успеа да ја однесе репрезентацијата до самата завршница на Мундијалот, каде што завршија како четврта најдобра репрезентација.