Саутгејт: Мислам дека тоа не беше пенал, а и теренот не дозволуваше да се направи завршното додавање во нападот

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, имаше забелешки на судењето и одлуките од ВАР-собата, како и на теренот на арената „Тодор Проески“.

„Игравме добро, целосно ја контролиравме играта. Тешко беше да се игра затоа што тие постојано се бранеа. Теренот не беше добар за да се направи завршното додавање. Тоа е нов терен и беше многу тврд. Играчите имаа потешкотии при приемот и контролата на топката. Што се однесува до пеналот, мислам дека тоа не беше пенал. Повеќе беше пенал втората ситуација отколку првата. Во второто полувреме имавме многу шанси за погодок. Играчите покажаа ментална сила, но мора да се упатат честитки и на играчите на Македонија. Тие одиграа нерешено и против Италија, а сега уште еднаш покажаа дека се цврст противник на домашен терен“, рече Саутгејт на прес-конференцијата веднаш по ремито против Македонија во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести