Во неверојатен меч, Англија со 2:1 по 120 минути игра ја победи Словачка и се пласираше во четвртфиналето на ЕП. Англија губеше со 0:1 до 95 минута кога Џуд Белингам со спектакуларен гол погоди за 1:1 и ја задржа Англија во игра.
Потоа, во дополнителните 30 минути Хари Кејн погоди за 2:1 и на крајот Англија се радува на место во четвртфиналето. По мечот, тренерот на Англија, Герет Саутгејт вели дека е пресреќен, но открива дека за малку можело да направи клучен кикс.
„Многу сум горд на играчите кои покажаа победнички дух. Сите кои играа имаат своја заслуга за пласманот во четвртфиналето. Белингам? Тој е фантастичен. Размислувавме во текот на мечот дали треба да го извадам од игра, но знам за што е способен во еден момент. Кејн е одличен голгетер и како капитен многу помогна да ја задржиме стабилноста“, вели Саутгејт.