Фудбалската репрезентација на Англија е прв фаворит за титулата на Европското првенство, но по првите две кола, Гордиот Албион не беше убедлив. Откако само со еден постигнат гол ја победија Србија, потоа одиграа реми (1:1) во дуелот со Данска.
Токму ремито против Данска беше причина за селекторот Герет Саутгејт да ги слушне првите критики на негова адреда. Предводникот на Англија во првите два меча воопшто не му даде шанса на Кол Палмер, напаѓачот кој имаше одлична сезона во Челзи.
Во сезоната која што заврши Палмер имаше биланс од 25 голови и 17 асистенции, што значи дека директно учествувал во постигнување на дури 42 погодоци за Челзи. И покрај еден таков скор, Палмер на првите два меча остана на клупата за резерви.
Ниту еден играч во англиската репрезентација не може да се пофали со повеќе асистенции од Палмер, што значи дека тој може да биде токму оној кој недостасува да го направи клучното додавање за постигнување на погодок.
Во третото последно коло од групната фаза Англија ќе игра против Словенија.
42 G/A this season and yet 0 minutes at the Euros so far.
I’m not saying he would change that absolute mediocrity on the pitch, but this is very strange and maybe even disrespectful from Southgate. pic.twitter.com/AuYy7cnc2J
— Football Talent Scout – Jacek Kulig (@FTalentScout) June 20, 2024