33.8 C
Skopje
вторник, 9 септември 2025

Фиорентина не губи од Наполи, ТСЦ Бачка Топола ќе слави на гости

3615 Фиорентина – Наполи (20:45 ч.)

Дуел на две екипи кои ќе се обидат да го фатат последниот воз за позиција која носи излез во европските купови. Фиорентина има 53 бода и е на осмото место (има меч помалку), а Наполи е девети со два бода помалку.

Фиорентина на свој терен сезонава игра сигурно. Виолетовите имаат 10 победи, четири ремија и само четири порази, додека Наполи, кој е во лоша форма и има само една победа во последните 10 меча, тешко може да се надева на триумф.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.14)

 

3133 Младост – ТСЦ Бачка Топола (18:30 ч.)

ТСЦ Бачка Топола уште е во трка за второто место на табелата кое води во квалификациите за Лигата на шампионите и сигурно дека овој тим е фаворит за победа на теренот на Младост, кој нема никаков мотив за играч.

Младост загуби на последните четири меча, што само потврдува дека овој тим веќе како да е отиден на распуст. ТСЦ победи на четири од последните шест меча со овој ривал, а кога играат овие два ривала, секогаш имало барем по два погодока.

Предлог тип: 2&3+ (2.18)

 

1655 Сен Труден – Ловен (20:45 ч.)

Традицијата вели дека дури седумпати од последните 14 дуели на овие два тима било нерешено. Ова е меч кој не решава ништо, двете екипи ќе бидат без притисок, што е само дополнителен знак дека може да се очекува отворена игра и пресметка во која ќе има погодоци, и тоа во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.81)

 

1012 Саутхемптон – ВБА (21 ч.)

Реванш-дуел кој треба да го даде финалистот во плејофот за пласман во Премиер лигата. Првиот меч заврши без погодоци, а сега Саутхемптон го има домашниот терен како адут.

Во првенството, Саутхемптон победи на двата меча, а тој тим имаше дури и 12 бода повеќе од ВБА, па и тоа треба да е некој податок дека денешниот домаќин е фаворит за победа која ќе значи финале во плејофот.

Предлог тип: 1 (1.75)

 

1277 Сент Патрик – Дери сити (20:45 ч.)

Дери сити има дури пет нерешени во седумте гостувања сезонава во првенството на Ирска. Сент Патрик игра солидно на свој терен, но ако се погледне традицијата во меѓусебните 12 пресметки, тимот на Дери сити има осум победи, три нерешени и само еден пораз од Сент Патрик.

Предлог тип: X2&1-3 (2.02)

 

- Оглас -

Најнови вести