17.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Саутхемптон ваква шанса чека повеќе од три децении

(1001) Саутхемптон – Њукасл (21ч)

Цели 32 години Саутхемптон чека прилика да се најде на врвот на табелата во Премиер лигата, барем за момент. Евентуален триумф на екипата на Хазентил против Њукасл ќе ги одведе токму до првото место, со оглед на тоа дека разликата со лидерот Ливерпул е само три бода. Гол-разликата при потенцијалното освојување на трите бода барем до утре ќе ги направи Светците лидери во англиското првенство.

Ако се земе предвид дека Саутхемптон само еднаш загуби од Њукасл на домашен терен во последните пет меѓусебни дуели, шансите да се случи историскиот момент се големи. Саутхемптон освои вкупно 13 од максималните 15 бода во последните пет кола, додека Њукасл е во топло-ладна форма, па на гостите не им се даваат многу шанси за позитивен резултат.

Предлог тип: 1 (2.0)

 

(1701) Стразбур – Олимпик Марсеј (21ч)

Марсеј е очаен во Лигата на шампионите и претрпи три порази во исто толку средби досега со гол-разлика од 0-7. Тимот на Андре Вилаш-Боаш не покажува ништо посебно и во француското првенство, иако во последните пет меча оствари две победи и три ремија.

Вечерва гостува кај екипата која победи само еднаш, а загуби во четири наврати во последните пет кола, меѓутоа нема да биде изненадување доколку Марсеј киксне. Стразбур откако се врати во елитата, нема остварено лигашка победа над Марсеј, а се чини дека во овој дуел ќе се делат бодовите.

Предлог тип: X2 & 0-3 (1.87)

 

(3002) Сасуоло – Удинезе (20:45ч)

Разиграниот Сасуоло заедно со Милан и Јувентус се единствените непоразени екипи во Серија А по шест кола, таа серија може да продолжи и вечерва против Удинезе на Илија Несторовски. Зебрите се во катастрофална форма со само една победа и пет порази, па затоа заслужено стојат на претпоследното место на табелата. Евентуален триумф за Сасуоло ќе значи и привремено преземање на челната позиција од Милан, со оглед на тоа дека само два бода ги дели лидерот во Калчото со второпласираната екипа.

Удинезе изненади со минимални 1-0 во последното гостување кај Сасуоло, а редовно се играат тврди натпревари кога тимот на Ди Франческо е домаќин. Во три од последните четири средби одлучуваше само еден гол, но Сасуоло моментално е најефикасен во Италија со 18 погодоци, па затоа големи се шансите да се прекине серијата од минимален учинок во меѓусебните дуели на овие две екипи.

Предлог тип: 1 (2.10)

 

(1801) Вердер Бремен – Келн (20:30ч)

Келн и по овој меч ќе остане без триумф во Бундеслигата, односно ќе го претрпи петтиот пораз во седум кола. Вердер откако загуби во првото коло, оствари серија од две победи и три ремија и планот е ново искачување на табелата.

Последното гостување на Келн во Бремен беше за заборав, потоп од 6-1 како најтежок пораз од Вердер во изминатите петнаесетина години.  Исходот можеби нема да се повтори, но Вердер дефинитивно ќе ја подобри гол-разликата на домашен терен.

Предлог тип: 1 (2.50)

 

(1301) Елче – Селта Виго (21ч)

Според моменталната форма, на Селта повторно ѝ се предвидува борба за опстанок иако уште е воведниот дел од сезоната. Само една победа по осум натпревари, односно низа од четири порази и две ремија е учинокот на екипата од Виго во пресрет на гостувањето кај Елче.

Новаците, пак, добро се држат по шест одиграни средби на респектабилно 10-то место со исто толку бода, но има само еден триумф на домашен терен. Вечерва можеби нема да се одреди победник, а ако се земат предвид последните четири меѓусебни средби, не треба да се очекуваат многу погодоци. Сепак, остава простор за изненадување.

Предлог тип: 0-1I &0-2II (1.42)

 

- Оглас -

Најнови вести