Савевски: Не сум разочаран бидејќи дел од мечот одигравме егал со Франција

Женската ракометна репрезентација на Македонија со пораз 14:24 од олимпискиот шампион Франција ги започна настапите на Европското првенство кое се игра и во нашата земја.

Македонија по десетгодишна пауза се врати на Европските првенства со пораз од фаворитот за титулата, а селекторот Љубомир Савевски, вели дека нема причини да биде разочаран бидејќи неговите избранички играа и не се откажаа се до последниот свиреж на судиите.

„Ова беше тежок меч за нас. Имавме многу проблеми во нападот каде имавме 27 промашувања и направивме повеќе од десет грешки. Сепак, не сум разочаран бидејќи еден дел од мечот го одигравме егал со Франција. Сакам да и честитам на Франција за одличната одбрана. Ќе го повторам тоа што го кажав и пред мечот, мислам дека ова е најдобриот тим на Франција во историјата“, изјави Савевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести