Савичевиќ: Милан е многу посилен од Црвена ѕвезда

Црногорецот Дејан Савичевиќ ја испишуваше историјата во Црвена ѕвезда и Милан, со двата тима ја освои Европа, а утревечер Росонерите во Милано го пречекуваат српскиот првак, дуел кој ќе биде посебен за Дејо, популарниот Гениј.

Савичевиќ во интервју за „Газета дело спорт“ истакна дека неговото срце е црвено-црно, а што се однесува за мечот на „Сан Сиро“, тој нема дилеми дека голем фаворит за победа е Милан, кој идината недела ќе прослави 125 роденден.

„Милан е многу посилен од Црвена ѕвезда. Загуби од Аталанта, но в среда има шанса да се извади со победа во меч од Лигата на шампионите. Ноќите на Милан во ЛШ често биле убави, имав среќа и јас да ги доживеам. Милан има огромна историја, тој е еден од најголемите и најпрепознатливи клубови на светот. Ме поканија на церемонијата за 125-годишнината, но нема да можам да дојдам поради обврски во фудбалскиот сојуз на Црна Гора. Жал ми е, знам дека таму ќе има многу мои пријатели и некогашни соиграчи“, изјави Савичевиќ.

- Оглас -

Најнови вести