Претседателот на фудбалскиот сојуз на Црна Гора и играчка легенда, Дејан Савичевиќ, даде интервју за еден словенечки медиум, и во разговорот кажа дека Нејмар го гледа како наследник на Лионел Меси и Кристијано Роналдо, како и дека Баерн Минхен е главен фаворит за европската титула и оваа сезона.
„После Меси и Роналдо, доаѓа Нејмар. Тој е убедливо најдобар играч и нивен наследник, без разлика на честите повреди. Халанд е добар стрелец, ќе дава многу голови, но не е играч какви што се Меси, Роналдо и Нејмар. Мбапе сигурно ќе биде многу подобар од него“ – смеѕа популарниот Дејо.
Савичевиќ кој освои европски титули со Црвена ѕвезда и Милан, типува на Баерн дека ќе ја одбрани титулата во Лигата на шампионите.
„Мислам дека Баерн е фаворит и оваа сезона. Ливерпул минува низ тежок период, може и ПСЖ да оди до крај ако Нејмар биде здрав. Во секој случај, Баерн со Левандовски е прв кандидат“ – вели Савичевиќ, на кого најголемо разочарување му е Барселона.
„Барселона е во колапс, потрошија толку милиони, а ги утнаа сите играчи. Гризман им е утка на деценијата, таков профил на играч не им беше потребен. Го отпуштија Суарес, влегоа во серија грешки, мислам дека и новиот претседател тешко ќе ги извлече“ – додава Савичевиќ.