Савичевиќ одлучи: Соиграчот од златната генерација во Црвена ѕвезда е нов селектор на Црна Гора

Роберт Просинечки и официјално е назначен за нов селектор на селекцијата на Црна Гора. Фудбалскиот сојуз на Црна Гора на чело со претседателот Дејан Савичевиќ одлучи да му даде доверба на хрватскиот стратег, кој доаѓа на местото на Миодраг Радуловиќ.

За искусниот 55-годишен стратег ова ќе биде трет селекторски ангажман откако претходно ги водеше репрезентациите на Азербејџан и Босна и Херцеговина. Последната тренерска работа ја имаше во тимот на Рудеш во Словенија, но доби отказ по седум кола откако освои само еден бод.

Просинечки дебито на селекторското место на Црна Гора ќе го има на 21 март на пријателски меч против Белорусија во Анталија. Четири дена подоцна Црна Гора ќе игра контролен дуел и против Македонија.

Просинечки во играчките денови беше соиграч со Савичевиќ, кога во дресот на Црвена ѕвезда двајцата беа дел од златната генерација која во 1991 година го освои Купот на Европски шампиони.

- Оглас -

Најнови вести