Претседателот на Фудбалската федерација на Црна Гора, Дејан Савичевиќ, кој е поранешен соиграч и добар пријател на Драган Стојковиќ, актуелниот селектор на Србија, откри дека Пикси му најавил на капитенот Душан Тадиќ дека ќе започне на клупата во првиот натпревар против Англија бидејќи му е „потребен за наредните два“.
Савичевиќ вели дека да бил на местото на Пикси, ќе го врател Душан Тадиќ дома од ЕВРО 2024 по неговата јавна реакција дека е најдобар и не знае зошто не бил стартер.
„Не знам зошто се налути Тадиќ ако Пикси му кажал дека ќе го стави да почне во вториот натпревар за да биде свеж. Да даде изјава на 36 години дека е најдобар и најподготвен… Малку чудно. Јас ја завршив кариерата на 35 години и знам каков бев кога ја завршував и никогаш не би дал таква изјава. Со 25 години да, но со 35 години би молчел и би бил среќен што сум дел од репрезентацијата. Пикси погреши што не му се заблагодари пред ова Европско првенство. Ги урна сите рекорди што ги бркаше и требаше да ги урне. Мислам дека требаше да му се заблагодари, а откако го поведе и му кажа дека ќе игра од почеток во вториот натпревар, ако дадеше таква изјава, јас веднаш би го вратил дома во Белград. Тоа би бил мојот одговор“, ги коментираше Дејан Савичевиќ дел од несогласувањата кои се појавија во српскиот национален тим на Европското првенство.