Поранешната ѕвезда на Милан и на Црвена ѕвезда, Дејан Савичевиќ, кој сега е претседател на Фудбалската федерација на Црна Гора, во интервју за поткаст се отвори и за своите почетоци, подеми и падови во кариерата.
Иако стана легенда на „Маракана“, тој како дете, за разлика од другите деца во Црна Гора, не навивал ни Ѕвезда ни за Партизан.
„Во Црна Гора сите навиваа за Ѕвезда или за Партизан. На пример: јас навивав за Вележ. Како, зошто, не знам“ откри Савичевиќ, потсетувајќи се на периодот кога беше само талентирано дете кое им се восхитуваше на големите тимови.
Во 1983 година бил само набљудувач, а веќе во 1986 година играл во репрезентацијата со фудбалерите на кои им се восхитувал. Потоа, кога беше војник, дојде трансферот во Црвено-белите од Белград.
Круната на неговата кариера во црвено-белиот дрес беше 1991 година. Савичевиќ ја истакнува клучната улога што ја одигра Љупко Петровиќ, чии тренинзи најмногу му се допаднале.
„По два тренинзи со него, ја имав најдобрата сезона. Тој дојде во јуни 1990 и не се повредив до декември 1991. Го освоивме Купот на шампионите. Тој тим… Панчев, Роби, Миха, Биниќ… Беше чудо“, рече Дејо.
Тој е посебно горд што стигнал до репрезентацијата играјќи за „мал“ клуб.
„Имав верба во себе, во својот квалитет. Знаев каков играч сум. Не ми требаше некој да ми каже дека сум добар. Кога станав член на репрезентацијата, станав од Будуќност, не од Ѕвезда или Партизан? Од мал клуб во рамките на Југославија. Од република само со 600 илјади луѓе“, заклучи легендарниот фудбалер.

