Савиќ и Торес заслужија награда од ФИФА и тоа за борба на годината (Видео)

Фудбалерите на Барселона го преживеаја гостувањето на „Ванда Метрополитано“ и со 1:0 славеа против Атлетико Мадрид, а натпреварот освен голот на Дембеле го одбележа и дуелот меѓу Стефан Савиќ и Феран Торес кои заслужија да добијат награда од ФИФА за борба на годината на фудбалските терени.

Тие за својот перформанс „беа наградени“ со црвени картони.

Кошкањето и борењето на теренот го започна Савиќ кој го удри со лакот Торес во брадата по што следеше жесток одговоро на играчот на Барселона.

Торес почна да го кубе Савиќ кој одговори во манир на ММА борец така што го собори Шпанецот на земја и го онеспособи. Тој веднаш се најде над Торес и лакотот му го стави под вратот, а другата рака на меѓуножјето.

Судијата почека за заврши нивниот дуел па веднаш им покажа црвени картони.

- Оглас -

Најнови вести