Португалецот Жоао Палиња е најголемата жртва на последниот ден од летниот преоден рок бидејќи во последен момент му пропадна претходно договорениот трансфер во Баерн Минхен во чиј дрес дури направи и фото-сесија.
Иако Баерн се согласи да плати 65 милиони евра отштета, а фудбалерот веќе се сликаше во новиот дрес, во последен момент, трансферот го стопира Фулам бидејќи не можеше да најде замена за Португалецот.
https://twitter.com/Plettigoal/status/1697640817404379290?s=20
Премиерлигашот му наредил веднаш да се врати во Лондон и да му се стави на располагање на менаџерот Марко Силва за натпреварот од новото коло против Манчестер сити кој ќе се игра утре.