Ако треба да им се верува на некои инсајдерски информации, Хари Мегваер ќе биде прогласен за најдобар играч во англиската Премиер лига за ноември.
Гласањето уште трае, но предноста на Мегваер била голема и фудбалерот кој до неодамна беше поим за грешки и киксеви на терен, сега е столб на одбраната на Манчестер јунајтед и во ноември помогна Црвените ѓаволи да не примат гол на три меча.
Кандидати за ноемвриското признание се и Џереми Доку, Ентони Гордон, Томас Камински, Рахим Стерлинг и Маркус Таверние.