Само уште пет дена остануваат до стартот на новоформираното Светско клупско првенство на кое ќе учествуваат дури 32 екипи од целиот свет. Европските гиганти Реал Мадрид, Манчестер сити, Баерн Минхен, Интер, Јувентус, ПСЖ, Челзи… ќе бидат дел од турнирот, на којшто ќе бидат и докажаните Ривер плата, Бока јуниорс, Фламенго, Палмеирас, но и екипи како Интер Мајами, Ал-Хилал, Улсан, Монтереј, Оукленд сити…
Едноставно од 15 јуни до 15 јули ќе има летно уживање со многу натпревари, многу комбинации и многу опции за играње. Во Sport Life веќе има одлична понуда за обложување поврзана со Светското клуско првенство.
Според понудените опции, Реал Мадрид е прв фаворит за да ја освои титулата со коефициент 4.50. Меѓу фаворитите се сместени и Манчестер сити (5.50 квота), ПСЖ (7.00), Баерн Минхен (8.00), Челзи (11.00), Интер (13.00)…
Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд, Хари Кејн и Усман Дембеле се главните фаворити за титулата најдобар стрелец на турнирот. Има опција за обложување да се погоди од која група ќе биде светскиот шампион, потоа во која група ќе бидат постигнати најголем број голови, и тоа од кој континент ќе биде клубот што ќе го крене скапоцениот пехар.
Одлична е понудата и за тоа кои екипи ќе бидат победници во осумте групи, плус уште многу интересни комбинации кои може да ги најдете на сајтот на Sport Life.