Се борат за ЛШ, а вечерва ќе играат со деца

Рускиот прволигаш Ростов не успеа со своите апели да ја одложи денешната пресметка против Сочи, која во 19 часот ќе се игра во рамките од 23-тото коло на руската Премиер лига. Екипата на Ростов на овој меч ќе мора да настапи со деца родени од 2003 година, односно младинскиот тим, бидејќи вкупно 42-ца играчи од првиот и резервниот тим се во карантин.

Да беа достапни првотимците, Ростов со сигурност ќе беше фаворит на гостувањето кај Сочи, но со оглед на ситуацијата, евентуален триумф на гостите вечерва носи квота 18, додека „кецот“ е 1.05.

Инаку Ростов на осум кола до крајот на првенството е во битка за пласман во Лигата на шампионите, односно квалификациите во најелитното европско натпреварување. По 22 меча, Ростов е четврти со 38 бода, а пред него се Краснодар и Локомотив Москва со по 41 бод.

- Оглас -

Најнови вести